Неопходна зимница – Домати во шише

Состојки:

  • 20 кг. домати (јабучари)
  • 5-6 лути пиперки
  • Едра сол
  • Масло за јадење

Подготовка:

Доматите убаво се рендаат и се ставаат во голем длабок сад. Лутите пиперки многу ситно се сечкаат и се ставаат во длабокиот сад. Се додава едра сол по вкус, се меша и се остава да отстои 2-3 часа за да се растопи солтта. По потреба са додава и уште сол. Откако ќе се растопи солтта доматите се собираат во стаклено шишиња од ½ литар, се затвораат со клуч, се замотуваат во листови хартија и се ставаат во лонец. Лонецот се прелева со вода и се става на оган (не многу силен, за да не испукаат шишињата). Откако водата во лонецот ќе зоврие, шишињата се оставаат да вријат околу 30 минути. Потоа, лонецот се трга од огнот за да се оладат шишињата, а потоа шишињата се вадат од лонецот и се складираат во темна и сува просторија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*