Руска салата со мајонез

Состојки:

6 помали компири
1 морков
4 варени јајца
6 големи кисели краставички
1 конзерва (400 грама) грашок
150 грама салама
ситно сечкан магдонос по вкус
½ чаша Витанез
сол по вкус
мелен црн пипер од Витаминка по вкус.
Во тенџере на оган ставете поголема количина на вода да се вари. Компирите и морковот добро исчистете ги и излупете ги.
Во зовриената вода додајте ги компирите и морковот. Варете ги додека омекнат за време од 20 до 30 минути.
Варените компири и моркови исцедете ги, и оставете ги да се изладат. Потоа исчекајте ги.
Јајцата, киселите краставички и саламата исечкајте ги на мали коцки.
Во длабок сад ставете ги компирите, морковите, јајцата, киселите краставички, исцедениот грашок, саламата и магдоносот. Измешајте ги и ставете го Витанез. Зачините со сол и мелен црн пипер од Витаминка, а по потреба додајте Витанез по вкус. Готовата салата послужете ја веднаш. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*