Тава со ќофтиња и зеленчук

За ќофтиња: 
300 гр. мелено месо
1 рака ориз
1 лажица масло
1/4 лажичка сода бикарбона
1 кромид (ситно сечкан)
1/2 лажичка мешан сув зачин
малку црн пипер

Други состојки:
2 домати и 1 зелена пиперка (замрзнати)
450 гр. грашок (замрзнат)
1 лажица црвен пипер
150 гр. маринирани печурки
4-5 компири по потреба масло, црн пипер, вода
1. Сите состојки за ќофтињата се измесуваат убаво, се формираат ќофтиња. За полесно формирање повремено рацете се намрсуваат со масло. 2. Ќофтињата се запржуваат во тенџере со масло да поруменат со протресување на тенџерето за да не се распаднат. Се вадат на страна во друг сад. 3. Во истото тенџере се запржуваат 2 домати и 1 зелена пиперка, јас користев замрзнати исечкани, а може да се стави и домата. Се додава замрзнатиот грашок, се пржи малку да испари водата што ќе ја пушти, се става малку бибер и мешан сув зачин. 4. Потоа се додаваат печурките, се става црвен пипер кој се пржи кратко и ова се трга настрана. 5. Во тава се сечкаат компирите, се ставаат запржените ќофтиња и смесата со грашок од тенџерето. Се додава млака вода околу 3 чаши, но може и повеќе за да ги покрие ќофтињата бидејќи треба да се свари оризот во нив. 6. На тавата се става алуминиумска фолија, се става во рерна која се пушта на најсилно, а после се намалува на 200 степени. 7. По околу 45 минути се промешува, се допекува со или без фолија зависи колку сакаме да ни е густо и потпечено.


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*